Достапни линкови

Столтенберг: Положбата на Британија во НАТО ќе остане непроменета


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека положбата на Британија во алијансата „ќе остане непроменета“ и покрај тоа што Британците гласаа да ја напуштат Европската унија.

Столтенберг ги даде коментарите по објавувањето на резултатите од референдумот.

Столтенберг рече дека Британија „ќе остане силен и посветен сојузник на НАТО“ откако земјата го дефинираше следното поглавје во односите со ЕУ.

Тој посочи оти НАТО останува посветен на поблиска соработка со ЕУ и дека „силна и обединета, алијансата останува значаен столб за стабилноста во турбулентниот свет.“

XS
SM
MD
LG