Достапни линкови

Вонредна седница на француската влада поради Брегзит


Жан Марк Еро

Жан Марк Еро

Француската влада попладне ќе одржи вонреден состанок, на кој ќе се дискутира за ефектите од гласањето на британскиот референдум за излез од ЕУ.

Претходно, министерот за надворешни работи Жан Марк Еро изјави дека е тажен поради Велика Британија. Европа ќе продолжи, но таа мора да реагира и да ја обнови довербата кај своите народи. Тоа е итно, истакна Еро.

XS
SM
MD
LG