Достапни линкови

logo-print

Во Колумбија „историско“ примирје


Г

Г

Владата на Колумбија и претставници на левичарското герилско движење ФАРК потпишаа договор за примирје со што двете страни, според новинските агенции, се блиску до завршување на 50 годишниот конфликт. Претседателот Хуан Мануел Сантос и лидерот на ФАРК Родриго Лондоно, познат како Тимоченко, го потпишаа договорот на церемонијата која се одржа во Хавана, главниот град на Куба. Со договорот се предвидува разоружување на околу 7 илјади герлици. Конфликтот во Колумбија почна во шеесетите години на минатиот век и во него загинаа над 200 илјади луѓе, додека околу 7 милиони ги напуштија нивните домови.

XS
SM
MD
LG