Достапни линкови

Страхување од рускиот одговор по самитот на НАТО


Поранешниот американски заменик помошник секретар за одбрана задолжен за Европа Јан Бжезински предупреди дека зголемувањето на НАТО силите во Источна Европа и руските воени разместувања на нејзините западни граници го зголемува ризикот од случајно избувнување војна. Претходно уште еден поранешен претставник на американското министерство за одбрана Дерек Чалот изјави дека Русија би можело да ги зголеми тензиите доколку лидерите на НАТО на состанокот во Варшава покажат големо единство. Двајцата претставници говореа во сенатскиот Комитет за надворешни работи во врска со престојниот самит на НАТО на 8 и 9 јули во Варшава.

XS
SM
MD
LG