Достапни линкови

Застрелан вооружен напаѓач во кино во Германија


Вооружен маж кој се забарикадирал во кино во западна Германија е застрелан од страна на полицијата, соопшти министерот за внатрешни работи на држават Хесе, Питер Беут, додавајќи дека напаѓачот загинал во борба со полицијата.

Претходно во медиумските извештаи беше наведено дека маж со пиштол и појас со муниција упаднал во кино и отворил оган во близина на Франкфурт.

Полицискиот портпарол беше цитиран како вели дека напаѓачот земал заложници пред да биде убиен од полицијта. Беут рече дека не е јасно дали оружјето на напаѓачот било вистинско. Најмалку 20 луѓе биле повредени како резултат на фрлен солзавец во затворен простор.

XS
SM
MD
LG