Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со бојкотот на Парламентот ја продлабочува кризата


ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на лидерот на опозицијата Зоран Заев истакнувајќи дека замрзнувањето на работата на СДСМ во Собранието не е добро и ја продлабочува кризата во Република Мекедонија.

„Со продлабочување на кризата губи народот и губи државата. Сигурни сме дека на крајот ќе загуби и виновникот за оваа состојба тоа е СДСМ.“

„Со најновата одлука и ултиматум кон уставниот суд, СДСМ докажа дека тие и невладините организации под контрола на СОРОС се едно исто. Останува уште да видиме дали пратениците на СДСМ ќе ги замрзнат и платите и ќе се финасираат од истиот извор од кој се финансираат и така наречените невладините организации.“

Владејачката партија посочува дека СДСМ виделе дека оти вандализмот, уривањето и палењето се жестоко осудени од македонскиот народ и дека поддршката за нивната деструкција буквално се намалува од ден во ден.

„Видоа дека цела домашна и меѓународна јавност почна да им се смее за измислените половина милион како што тие велат фантоми во избирачкиот список, откако ВМРО ДПМНЕ им предложи да понудат каква сакаат методологија за прочистување на Избирачкиот список за да се уверат дека тој е коректен. СДСМ мораше да почне да се крие, откако ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека ќе ги прифати сите нивни услови и со тоа СДСМ стана буквално предмет на потсмев.“

XS
SM
MD
LG