Достапни линкови

Аневски: СЈО да соработува со Советот на јавни обвинители


Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски денеска изјави дека во моментов во Македонија има две јавни обвинителства и оти не знае како во иднина Специјалното јавно обвинителство ќе се вклопи во јавнообвинителскиот систем во земјата.

Аневски, кој денеска го претстави Извештајот на Советот пред собраниската Комисија за политички систем, ја повика специјалната обвинителка Катица Јанева на соработка и заради, како што рече, заедничко постигнување на владеењето на правото.

„Не знам како ќе се вклопи Специјалното јавно обвинителство во иднина во јавнообвинителскиот систем бидејќи Уставот како највисок правен акт предвидува во член 106 дека Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела со закон. Во овој случај сега имаме на еден начин две јавни обвинителства, рече Аневски.

Неговите очекувања биле дека Советот на јавни обвинители и Специјалното јавно обвинителство ќе имаат одлична соработка по изборот на Јанева и оти законот целосно ќе се почитува.

„Ако го прочитате добро член 7 особено ставот 3, и ставот 1, кажува дека тоа обвинителство одговара пред Собранието, а за својата професионалност, стручност и за законските дејствија што ги презема ќе одговара пред Советот на јавни обвинители.

Ние ја почитуваме автономијата, меѓутоа таа мора да го почитува член 7 став 3, рече Аневски. Кажа дека иако била повикувана Јанева дошла на само една седница кога информирала дека нема да одговара на прашања и да присуствува на работата на Советот.

Сметам дека во иднина ова ЈO треба да соработува со Советот на јавни обвинители и заради заедничко постигнување на владеење на правото, рече Аневски.

XS
SM
MD
LG