Достапни линкови

Белорусија спроведе истраги за лица кои учествувале во украинскиот конфликт


Илустрација.

Илустрација.

Шефот на белоруското КГБ, Валериј Вакулчик вели дека биле започнати истраги за активностите на 138 граѓани на Белорусија, за кои се верува оти се бореле во украинските источни региони Доњецк и Луганск.

Вакулчик рече дека за осомничените се смета дека бореле на двете страни: некои за украинските владини сили, други за проруските сепаратисти.

Осомничените ќе бидат обвинети за учество во борби во странска држава.

Во април Белорусија усвои закон, според кој се забранува белоруските државјани да учествуваат во странски воени конфликти.

XS
SM
MD
LG