Достапни линкови

Орешковиќ: Владата ќе функционира уште четири месеци


Хравтскиот премиер Тихомир Орешковиќ вели дека неговата техничка Влада ќе остане на функцијата и во следните четири месеци, а „можеби и подолго“.

„Тоа треба да им биде јасно на сите, истакна Орешковиќ, на чија Влада минатата недела и беше изгласана недоверба во Хрватскиот сабор, по што тој се самораспушти. Се очекува предвремените парламентарни избори во Хрватска да се одржат на почетокот на септември.

Инаку, Владата на Орешковиќ денеска ја одржа својата прва седница по изгалсувањето недовербата и стартот на нејзиниот технички мандат.

XS
SM
MD
LG