Достапни линкови

logo-print

Јанкулоска повторно на распит во Основен суд


Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска веќе еден час е на распит кај судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, потврдија од Судот. Таа е трето обвинета во предметот познат во јавноста како „Тврдина“ кој неодамна го отвори Специјалното јавно обвинителство. Во текот на денот се очекува да започне распитот и за останатите осомничени во овој предмет. Првоосомничен во случајот е Горан Грујовски, началник во Петтата управа при Министерство за внатрешни работи. Тие се товарат за уништување на опремата за прислушување.

Судот повторно ќе одлучува по барањата на Специјалното јавно обвинителство за притвор на Горан Грујовски и за мерките за претпазливост против другите осомничени во случајот „Тврдина“, откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифати жалбата на СЈО и ја укина претходната одлука на судијата на претходна постапка.

Пред аболицијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, на Грујовски му беше изречена мерка куќен притвор.

Во изминативе неколку недели Основниот суд и Специјалното јавно обвинителство водеа јавна преписка околу надлежноста врз овој предмет.

XS
SM
MD
LG