Достапни линкови

logo-print

Руската Дума бара дијалог за ракетниот штит на САД во Европа


Руската Државна Дума усвои резолуција барајќи од парламентрантите собранија на НАТО, ОБСЕ, како и од парламентите на Балканските земји да го интензивираат дијалогот околу опасноста во врска со американскиот антиракетен систем во Источна и Југоисточна Европа. „Пратениците на Државната Дума им се обраќаат на колегите од НАТО и ОБСЕ, како и од собранијата на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија со предлог за директен дијалог како дел од парламентарните контакти во врска со разместувањето на американскиот ракетен штит во источноевропските земји и за политиката на проширување на НАТО кон источна и југоисточна Европа“, се наведува во изјавата во која се оценува дека станува збор за опасен потег кој има за цел нова Студена војна.

XS
SM
MD
LG