Достапни линкови

Полска ќе есхумира жртви од авионската несреќа во Смоленск


Јарослав Качински

Јарослав Качински

Полското обвинитлство најави дека ќе ги есхумира остатоците на полскиот претседател Лех Качински и на други жртви во авионската несреќа во 2010 година со цел да се утврди што било причината за падот на авионот. Во несреќата во близина на Смоленск во западна Русија загинаа 96 лица, вклучувајќи ги претседателот Качински, неговата сопруга, шефот на полската Централна банка, армиски старешини и неколкумина полски пратеници. Претходната истрага покажала дека причина за несреќата била грешка на пилотот. Новата влада на Партијата на законот и правдата предводена од Јарослав Качински, брат близнак на Лех, се сомнева во тоа и наведува дека причината била експлозија во леталото.

XS
SM
MD
LG