Достапни линкови

СДСМ за обраќањето на претседателот Иванов


По обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, СДСМ оцени дека „единствената правилна одлука што може да ја направи Иванов, е да поднесе оставка и да замине од функцијата“. Според СДСМ, „по денешниот говор на Иванов, сите што во Собранието гласаа против неговиот импичмент, вечно ќе го носат товарот на срамот што и го нанесоа на Македонија“. „Во состојба на длабока политичка криза, кога улиците се преплавени со луѓе кои бараат правда и слобода преку достоинствени протести, Иванов се закани со можност за употреба на Армијата и нов државен удар против граѓаните и Македонија. Во сопствениот хаос во кој се наоѓа, срамната и незаконска одлука за аболиција што ја донесе, а потоа самиот ја повлече, повторно неуспешно се обиде да ја оправда, наведува СДСМ. Опозициксата партија во реакцијата додава дека наместо во име на сите граѓани, како што би требало да доликува на претседател на една држава, Иванов настапи во служба на владејачката гарнитура.

XS
SM
MD
LG