Достапни линкови

logo-print

Командант на САД: НАТО во моментов не може да го заштити Балтикот од Русија


Генерал – полковник, Бен Хоџис

Генерал – полковник, Бен Хоџис

Командант на Армијата на САД во Европа вели дека НАТО во моментов не е во можност да го заштити Балтикот против руски напад.

Руските сили би можеле да ги заземат Естонија, Латвија и Литванија побрзо отколку што ние би можеле да дојдеме и да ги одбраниме“, рече генерал – полковник Бен Хоџис во интервју за германскиот Die Zeit.

Весникот исто така го цитира Хоџис како вели оти се согласува со проценката на воените аналитичари, коишто велат дека руските сили би можеле да ги заземат главните градови на балтичките земји во рок од 36 до 60 часа.

НАТО минатата недела објави дека ќе распореди четири батаљони во Естонија, Латвија, Литванија и Полска да се спротивстават на се поагресивната Русија, пред Самитот на во варшава следниот месец.

Русија потенцира дека присуството на трупите на НАТО блиску до нејзините граници е закана за безбедноста.

XS
SM
MD
LG