Достапни линкови

logo-print

Во Турција истрага против 300 луѓе за ширење терористичка пропаганда


Во Турција се води истрага против 300 луѓе поради наводно ширење терористичка пропаганда и навреда на сметка на претседателот на државата на социјалнимрежи, објавија турски медиуми.

Осомничените во Турција и во странство распространувале пропаганден материјал на Работничката партија на Курдистан (ПКК) и исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, противник на Ердоган кој живее во САД, како и за навредливи пораки на сметка на претседателот.

Според западни медиуми, во претходна слична истрага биле уапсени 34 луѓе.

XS
SM
MD
LG