Достапни линкови

logo-print

„Шарената револуција“ со повик до пратениците да го бојкотираат Собранието


Граѓаните кои се дел од „Шарената револуција“ преку соопштение упатија повик до пратениците во Собранието на Република Македонија да дејствуваат и да им помогнат на граѓаните да ја обезбедат заштитата на Спеацијалното јавно обвинителство, како што велат, институција симбол на правдата којашто Собранието ја изгласа без ниту еден глас против.

„Бараме од вас да застанете и во одбрана на Член 2 од Уставот на Република Македонија и да им помогнете на граѓаните да се изборат за тоа дека Суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.”

„Шарената револуција“ бара пратениците да не учествуваат во работата на Собранието се додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и се додека не се гарантира учество на претставници на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите за излез од политичката криза, во улога на набљудувачи, извествувачи за јавност и консултанти.

„Дејствувајте итно по ова барање на граѓаните и преку ваше неучество во работата на Собранието укажете им јасно на Уставниот суд и на политичките актери кои се противат на граѓанското учеството во преговорите дека не смее да има компромиси околу правдата и околу демократската определба на Република Македонија“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG