Достапни линкови

Во Грција има над 57 илјади бегалци и мигранти


На грчка територија во моментов има над 57 илјади бегалци и мигранти, а во последните 24 часа пристигнало само едно лице, покажуваат бројките на Координативното тело за управување со бегалската криза.

Податоците покажуваат оти скоро 24 илјади бегалци се во северна Грција, скоро десет илјади во регионот на Атика, осум и пол илјади на грчките острови и над 2.300 се сместени во различни области во централна и јужна Грција.

Вкупно 5.896 бегалци и мигранти се сместени во неколку објекти изнајмени од страна на УНХЦР, 4.908 престојуваат во неорганизирани објекти, додека околу 1.500 лица живеат надвор од организирани сместувачки центри.

XS
SM
MD
LG