Достапни линкови

Талибанците ослободија дваесетина заложници


Авганистански безбедносни сили.

Авганистански безбедносни сили.

Талибанците ослободија 23 мажи кои вчера беа киднапирани во јужниот дел на земјата, соопштија авганистанските власти.

Портпаролот на гувернерот во Хелманд, Омар Звак изјави дека претставници на канцеларијата на гувернерот работеле со племенските старешини да интервенираат и да преговараат со Талибанците за проблемот, што резултирало со ослободување на повеќето од заложниците.

Звак рече оти првично биле заробени 25 мажи и дека властите се надеваат на ослободување и на останатите двајца.

Авганистански воени претставници информираа дека киднапираните биле ослободени по вчерашната воена операција против Талибанците, во областа Марја во провинцијата Хелманд.

Но, талибанскиот портпарол Кари Јусуф Ахмади ги отфрли тврдењата и даде различни бројки, велејќи оти вкупно 21 заложник бил ослободен откако милитантите утврдиле дека тие не соработувале со авганистанската Влада поддржана од Западот.

Тој истакна дека 27 мажи биле заробени од три возила на автопат во Хелманд.

XS
SM
MD
LG