Достапни линкови

Терористи планирале 50 напади во Техеран


иранскиот министер за разузнавање Махмуд Алави

иранскиот министер за разузнавање Махмуд Алави

Сунитски екстремисти, уапсени во минатата недела планирале 50 бомбашки напади во Техеран, изјави иранскиот министер за разузнавање Махмуд Алави. Тој прецизира дека нападите требало да бидат изведени во најнаселените делови на градот и оти полицијата при апсењето запленила 100 килограми експлозив и спречила испорака на уште илјада килограми. Министерот Алави додаде дека станува збор за еден од најголемите терористички заговори и оти истрагата за тоа се водела и надвор од Иран.

XS
SM
MD
LG