Достапни линкови

logo-print

Клинтон: Трамп ќе ја врати економијата во рецесија


Кандидатот на Демократската партија на претседателските избори во САД Хилари Клинтон изјави дека нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат Доналд Трамп со неговата „неспособност“ ќе ја врати американската економија во рецесија. Таа во говорот во Орегон оцени дека Трамп бил „само нешто повеќе од финансиски измамник“ чие незнаење и егоизам ќе го погребат светското стопанство и ќе ги доведат американците до банкрот. Реагирајќи на ова Трамп на Твитер напиша: „Како Клинтон може да ја води економијата кога не е во состојба да испрати мејл, а притоа да не ја доведе целата нација во опасност“. Тој алудира на аферата во која Клинтон е обвинета дека испраќала доверливи државни информации на нејзиниот приватен мејл.

XS
SM
MD
LG