Достапни линкови

Американски сенатори преку резолуција ги осудија руските воени акции


Двопартиска група сенатори на САД претставија резолуција во која ја осудуваат Русија за нејзините „опасни и непрофесионални“ воени акции во последните месеци.

Мерката, спонзорирана од страна на републиканецот Дејвид Пердју, цели особено кон серијата неодамнешни блиски средби на руски авиони и американски воени бродови во Балтичкото и Охотското море, во близина на источниот брег на Русија.

Во еден инцидент во април, руски воен авион и хеликоптер дојдоа екстремно блиску до американскиот уништувач на проектили којшто оперираше во Балтикот.

Резолуцијата, за која треба да се гласа на комисија пред целосно да биде преземена од Сенатот, ги осудува неодамнешните „опасни и непрофесионални руски блиски средби со броовите на САД.

Тие исто така од руската Влада бараат „да престане со провокативни воени маневри со кои ги загрозуваат силите на САД и неговите сојузници.“

XS
SM
MD
LG