Достапни линкови

logo-print

Тачи и Мустафа под истрага на косовската Антикорупциска агенција


Косовската Агенција за борба против корупцијата ќе спроведе истрага за имотната состојба на претседателот и премиерот на Косово, Хашим Тачи и Иса Мустафа, јави Танјуг.

Според извори во Агенцијата, на проверка ќе бидат ставени изјавите за имотната сотојба што ги пополниле Тачи и Мустафа при стапувањето на функциите.

Агенцијата исто така ќе изврши и проверка на пријавениот имот на вицепремиерот и министер за правда Хајредин Кучи, како на уште тројца владини претставници, чии имиња не се објавени.

Предмет на проверка на Агенцијата ќе бидат и имотните состојби на други избрани функционери, меѓу кои и неколкумина пратеници, како и градоначалниците на Приштина и Лепосавиќ, Шпенд Ахмети и Драган Јаблановиќ.

XS
SM
MD
LG