Достапни линкови

Собранието не го прифати предлогот за импичмент на Иванов


Собранието попладнево со 35 гласа „за“, без воздржани, и 47 „против“ не го усвои Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот на Република Македонија.

За да биде прифатен предлогот, за кој се дебатираше пет дена, потребно беше двотретинско мнозинство. Предлогот беше поднесен од пратениците од опозицијата кои се противеа на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, која подоцна беше повлечена.

Според опозицијата, Иванов треба да биде отповикан, бидејќи ја злоупотребил положбата и прекршил повеќе уставни и законски одредби.

Од ВМРО-ДПМНЕ иако не ја прифатија одлуката на Иванов, сметаат дека таа била во согласност со Уставот и законот.

XS
SM
MD
LG