Достапни линкови

logo-print

Грција од ЕУ доби транша од 7.5 милијарди евра


Преносот на предвидената транша во висина од 7,5 милијарди евра за Грција е завршен, потврди реководителот на Европскиот механизам за стабилност Клаус Реглинг, кој во Атина денеска се сретна со раководителот на грчката централна банка Јанис Стурнарас и со министерот за финансии Евклидис Цакалотос, јавија грчките медиуми.

Реглинг појасни дека тоа е втора транша во рамките на третата меѓународна програма за финансиска помош на Грција, која е во висина од 86 милијарди евра, согласно која земјата ќе отплаќа долг во рок од 32 години, со камата од еден процент.

XS
SM
MD
LG