Достапни линкови

Талибанците киднапираа дваесетина мажи во Авганистан


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Авганистанските власти велат дека талибанските милитанти киднапирале околу 20 мажи, вадејќи ги од автобус и два камиони во јужната провинција Хелманд.

Последните од серијата киднапирања во се повеќе опасните патишта низ земјата се случија во утринските часови.

Провинцискиот портпарол Омар Звак изјави дека киднапираните мажи патувале со автобус и два камиона од градот Кандахар кон западната провинција Херат. Тој додаде дека веројатно мажите биле однесени во талибанското упориште во областа Марја.

Очевидци велат дека милитантите носеле авганистански армиски униформи и првично уапсиле 60 лица, но жените и децата биле ослободени.

XS
SM
MD
LG