Достапни линкови

Специјален суд на Косово започнува со работа до крајот на годината


Специјалниот претставник на ЕУ за Косово, Самуел Жбогар.

Специјалниот претставник на ЕУ за Косово, Самуел Жбогар.

Косовскиот Специјален суд за воени злосторства се очекува да ги покрене првите обвиненија против некогашните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) до крајот на годинава, објави денеска приштинскиот весник „Зери“.

Како што наведува весникот, обвиненија ќе го „потресат Косово“, бидејќи со нив ќе бидат опфатени високи официјални претставници.

Специјалниот претставник на ЕУ за Косово Самуел Жбогар потврди дека формирањето на Специјалниот суд може да биде завршено до крајот на годинава.

„Сега чекаме Холандија да го ратификува договорот со Косово, бидејќи ова е прилично комплицирана процедура која мора да биде завршена до крајот на годината“, истакна Жбогар.

XS
SM
MD
LG