Достапни линкови

Дипломатите на ЕУ се согласија за продолжување на санкциите кон Русија


Амбасадорите на ЕУ се согласија за шестмесечно продолжување на санкциите кон Русија, како одговор на нејзината окупација и нелегална анексија на украинскиот Полуостров Крим и поддршката на Москва на проруските сепаратисти во источна Украина.

Одлуката на дипломатите на денешниот состанок во Луксембург, треба да биде одобрена од страна на лидерите на ЕУ на самитот во Брисел следната недела.

Германската канцеларка Ангела Меркел притисна за продолжување на моменталните санкции, коишто треба да завршат на крајот на јули и покрај зголемениот број повици за посмирувачки приод од некои членки на ЕУ.

Извештаите укажуваат оти Меркел ги убедила земјите како Словенија, Унгарија и Италија да ги стават настрана нивните забелешки и да ги задржат санкциите до крајот на јануари.

Санкциите, кои ги таргетираат руските финансиски и енергетски сектори, прв пат беа воведени во јули 2014 година и оттогаш се продолжувани секои шест месеци.

XS
SM
MD
LG