Достапни линкови

Турција од ЕУ ќе добие милијарда евра за бегалците


До крајот на месецов Европската комисија ќе деблокира една милијарда евра помош од Механизамот на ЕУ за бегалците во Турција, изјави заменик-директорот на европската Генерална дирекција за миграција и внатрешни работи, Оливие Ониди.

Претставникот на Еврокомисијата истакна дека овие пари од општоевропскиот буџет, додавајќи дека има сериозен проблем со собирањето на останатите две милијарди евра кои треба да и ги дадат земјите членки на Турција, согласно Договорот за запирање на мигрантскиот прилив.

Како што нагласи Ониди, во моментов има дебата меѓу евроинституциите за реформите во законодавството на Унијата по прашањето за миграција.

Според него, целта на реформите е системот да биде поефикасен, вклучувајќи ја и борбата против шверцерите на луѓе.

Над 3,7 милиони мигранти се влезени на територијата на Турција и се наоѓаат во нејзините бегалски кампови.

XS
SM
MD
LG