Достапни линкови

logo-print

Самоубиствен напад кај бегалски камп во Јордан, 6 загинати


Кампот Ракбан, во чија близина е извршен нападот

Кампот Ракбан, во чија близина е извршен нападот

Претставник на јорданската армија соопшти дека во самоубиствен напад со автомобил- бомба врз објект на границата на оваа земја со Сирија, загинале 6-мина припадници на јорданската гранична полиција. Автомобилот- бомба експлодирал на неколку стотици метри од кампот со сириски бегалци Ракбан, во пустиот регион на тромеѓето меѓу Јордан, Сирија и Ирак. Властите соопштија дека нападот бил извршен од сириска територија, додавајќи оти во него биле уништени уште неколку други возила.

XS
SM
MD
LG