Достапни линкови

logo-print

Трамп го отпушти Левандовски, менаџерот на кампањата


Доналд Трамп и Кори Левандовски

Доналд Трамп и Кори Левандовски

Доналд Трамп, најверојатниот кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во САД, го отпушти Кори Левандовски, менаџерот на неговата кампања, кој му помогна да ги добие партиските прелиминарни избори. Отпуштањето доаѓа по информациите за несогласувања меѓу Левандовски и новите советници на Трамп во врска со тоа какво да биде обраќањето на Трамп до гласачите на претседателските избори на 8 ноември.

Според официјалните податоци објавени вчера, кампањата на Трамп во јуни почнала со 1,29 милиони долари во кеш, што е многу помалку од сумата од 42 милиона на најверојатниот кандидат на Демократската партија Хилари Клинтон.

XS
SM
MD
LG