Достапни линкови

logo-print

Министерски состанок на ЕУ за санкциите против Русија


Европската Унија, предводена од германската канцеларка Ангела Меркел, се подготвува да ги продолжи санкциите против Русија за наредните 6 месеци поради акциите на Москва во Украина, и покрај растечките повици за помирлив приод од некои земји членки на Унијата. Се очекува министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок во Луксембург да се согласат на продолжување на санкциите, кои завршуваат кон крајот на јули.

Одлуката од Луксембург ќе треба да биде одобрена и од лидерите на ЕУ, на самитот во Брисел во наредната недела.

XS
SM
MD
LG