Достапни линкови

Автобуска несреќа во Србија, загинаа 5 словачки туристи


Во автобуска несреќа што се случи рано изутринава во Србија загинале петмина словачки туристи кои се враќале од одмор на грчкиот остров Крф. Како што јави српската државна телевизија, несреќата се случила на околу 200 километри јужно од Белград, на автопатот Скопје- Белград

Во автобусот во моментот на инцидентот се наоѓале 29 патници и двајца возачи, а од 26-емина преживеани, 14 биле префрлени во најблиската болница.

XS
SM
MD
LG