Достапни линкови

Во Франција повторно уапсен шефот на руските навивачи


Александар Шпригин

Александар Шпригин

Француските власти соопштија дека лидерот на руските фудбалски навивачи бил приведен во Франција, два дена откако бил депортиран за Москва. Александар Шпригин е уапсен синоќа во југозападниот град Тулуз, соопшти француското министерство за внатрешни работи. Шпригин претходно на Твитер постира видео снимено на стадионот во Тулуз пред средбата на руската репрезентација против Велс во рамкуите на Европското фудбалско првенство. Тој беше протеран по насилството до кое дојде по мечот меѓу репрезентациите на Англија и Русија на 11 јуни во Марсеј.

XS
SM
MD
LG