Достапни линкови

УЕФА го казни Хрватскиот фудбалски сојуз со 100 илјади евра


Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Хрватскиот фудбалски сојуз (ХФС) со 100.000 евра и со забрана за продажба на влезници за натпреварите на лица кои се наоѓаат на листата на хулигани. Казната е одредена за инцидентот на натпреварот на хрватската репрезентација против Чешка, кој го направија хрватските навивачи на стадионот во Сент Етиен.

УЕФА има покренато постапка против ХФС и за дуелот од првото коло од ЕУРО 2016 против Турција, поради пиротехника и втрчување на навивачи на терен. Одлука за ова ќе биде донесена на 21.јули.

Хрватскиот фудбалски сојуз поради казни во претходните пет години има платено повеќе од половина милион евра.

XS
SM
MD
LG