Достапни линкови

Кривичен суд: Секој граѓанин има право на ненасилен протест


Кривичниот суд во врска со денесшните протести против одредувањето на мерката куќен притвор против градочаналникот на Битола, Владимир талески соопошти дека секој граѓанин има демократско право да го изгрази своето незадоволство преку протест и оти судот секогаш ги осудувал насилните протести и јавните настапи и обиди за закани со кривични пријави кон судии.

„Во врска со повеќето прашање на одредени медиуми за денешниот протест пред Основен суд Скопје 1 - Скопје против решението за определувањето на мерка куќен притвор за осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“, Судот досега се произнесол дека демократско право на секој граѓанин на Република Македонија е да го изрази своето незадоволство преку јавен протест.“

„Овој суд и досега ги осудувал насилните протести, јавните настапи како и обидите преку закани кон судии со водење кривични постапки и кривични пријави против истите за нивното искажано мислење во судска одлука што е неприкосновано уставно и со закон загарантирано право на судиите своето мислење да го искажат во својата одлука“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG