Достапни линкови

Судски совет: Партиите да се воздржат од злоупотреба на судските одлуки


Судскиот совет на Република Македонија енергично се спротивставува на сите форми и облици на напади и обиди за обликување на судството по нечија желба, без оглед дали доаѓаат од политичките партии, невладини организации, правни или физички лица или пак неформални групи, се вели во денешното соопштение.

Од Судскиот совет посочуваат дека согласно одредбите од Законот за судовите, се забранува секој облик на влијание врз независноста, непристрасноста и самостојноста на судиите во вршењето на судиската функција по кој било основ и од кој било субјект.

Ги охрабруваме сите наведени субјекти доколку располагаат со релевантни докази дека некоја судска одлука е донесена со сторување на кривично дело, тоа веднаш да го пријават во соодветното јавно обвинителство. Само на тој начин би докажале дека се залагаат за владеење на правото, а не на анархијата, стои во соопштението. Во спротивно, како што нагласуваат од Судскиот совет, политичарите и политикантите треба да се воздржат од злоупотреба на судските одлуки во партиски цели и да им овозможат на судовите, во со закон утврдена постапка, по исцрпувањето на сите правни лекови, да донесат правосилна одлука.“

„За тие кои не го научиле четивото за последниве три дена, прво Судскиот совет на Република Македонија, согласно член 39 став 9 од Законот за судовите, помеѓу другото, делегира судии од еден во друг суд и во својата одлука нема право да се впушта во кој оддел делегираниот судија ќе работи и второ, Судскиот совет на Република Македонија уште од 20.05.2015 година нема надлежност за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност за судија, се вели во соопштението.

За жал, како што велат од Судскиот совет, во Република Македонија дневните партиски препукувања се повеќе и се погласно се прекршуваат преку грбот на судиите и генерално судскиот систем во Република Македонија.

„Судската одлука по својата природа може да предизвикиа незадоволство кај една страна. Но, не е исправно користејќи ги судските одлуки да се даваат предлози кои прозвучуваат како јавно искажана закана и сеење страв за целата фела“, нагласуваат од Судскиот совет.

XS
SM
MD
LG