Достапни линкови

Хрватските пратеници го распуштија Парламентот


Хрватскиот Парламент денека гласаше за распуштање на законодавниот дом, отворајќи го патот за предвремени избори откако владата падна по изгласаната недовореба.

Владата на премиерот Тихомир Орешковиќ падна на 16 јуни, по политичкиот ќорсокак кој ги запре економските реформи во земјата.

Распуштањето на Парламентот ќе стапи на сила на 15 јули, а предвремените избори е можно да се одржат на почетокот на септември.

Хрватската претседателка се очекува формално да го закаже датумот за изборите по летната сезона за одмор.

XS
SM
MD
LG