Достапни линкови

Награда за РСЕ за известувањето за бегалците


Новинарката на Радио Слободна Европа Зорана Гаџовска Спасовска ја доби првата награда во категоријата емисија, прилог или краток документарец за професионално известување за состојбата со бегалците, што ја додели Македонското здружение на млади правници во соработка со Здружението на новинарите на Македонија и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР. Во истата категорија втора награда доби Милка Смилевска од Ал Џезира, а трета награда Менче Точи од порталот НоваТВ.

Во категоријата напис или серија написи за состојбата на бегалците, првата награда ја доби Горан Адамовски од Утрински весник, второнаграден е Синиша Станковиќ за текст објавен во Гласот на Америка, а третата награда и припадна на Слободанка Јовановска исто така од Утрински весник.

Денеска се одбележува Светскиот ден на бегалците. Од УНХЦР велат дека преку 60 милиони луѓе се раселени низ светот, а од нив повеќе од 60 проценти се жени и деца.

XS
SM
MD
LG