Достапни линкови

Хрватска и Србија најавуваат затоплување на односите


Српскиот премиер Александар Вучиќ пред утрешното потпишување на Декларацијата за унапредување на односите и решавање на отворените прашања со Хрватска изјави дека тоа е прв чекор за затоплување на односите меѓу двете држави.

„Сметам дека постигнавме одличен резултат. Договорот е за суштински, сериозни и стратешки прашња за Србија и за Хрватска. Треба да се обидуваме повеќе да разговараме едно со други, да покажеме поголемо меѓусебно почитување, изјави Вучиќ.

Колинда Грабар Китаровиќ, пак, вели дека постои искрена волја кај двете страни да се тргне кон решавање на отворените прашања. Хрватската претседателка нагласува дека српскиот премиер Вучиќ и таа сакаат нивната средба в понеделник да биде навистина историска.

„Искрена волја кај двете страни е да се тргне во конкретно решавање на отворените прашања. Тоа нема да биде протоколарна средба. Состанокот не е поттикнат од меѓународната заедница туку е мотивиран со заедничка желба да се направат конкретни чекори за приближување на двете држави“, вели таа. Потпишувањето ќе биде во српскиот град Субитица.

XS
SM
MD
LG