Достапни линкови

logo-print

УНХЦР: Рекордни 65 милиони раселени лица во 2015 година


Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР) соопшти дека во 2015 година бројот на раселени луѓе во светот достигнал највисоко ниво.

Со борбите во Сирија и кризата во Авганистан, УНХЦР посочи дека годишниот извештај за Глобалните трендови покажува оти рекордни 65.3 милиони луѓе се раселени за време на 2015 година.

Во извештајот на ОН се вели дека во просек 24 луѓе секоја минута биле раселени во 2015 година или 34 илјади дневно.

Агенцијата со седиште во Женева ги повика лидерите во Европа да направат повеќе да ги запрат војните кои ги принудуваат луѓето да ги напуштат нивните домови и татковини.

XS
SM
MD
LG