Достапни линкови

Трамп: САД треба да ги профилира муслиманите


Се поизвесниот кандидат на американската Републиканска партија за претседатлската трка Доналд Трамп изјави дека треба сериозно да се размислува за профилирање на муслиманите во САД како едно од средствата во борбата против тероризмот. Тој во интервју за Си Би Ес додаде дека и другите земји го користат таквиот начин. „Го мрзам концептот на пролифирање, но мораме да користиме здрав разум и тоа сериозно да го разгледаме“, рече Трамп кој повторно предложи привремена забрана за странски муслимани да влегуваат во САД.

XS
SM
MD
LG