Достапни линкови

logo-print

На Крит почна собирот на православните цркви


Поглаварите на православните цркви се собраа на грчкиот остров Крит, иако Руската црква го откажа учеството на првиот таков собир во над илјата години. Васеленскиот патријарх Вартоломеј ја предводеше молитвата на црковните лидери, пред првиот историски сабор кој е подготвуван 55 години и кој ќе трае до 27 јуни. Од 14 православни цркви, четири одбија да учествуваат поради несогласувања околу неговиот дневен ред. Станува збор за Руската, Бугарската, Грузијската и Антиохијската патријаршија, чие седиште е во Сирија. Светиот синод имаше за цел да ги собере сите православни цркви по прв пат од 787 година и да го унапреди единството на црквите кои имаат над 300 милиони вернци во светот.

XS
SM
MD
LG