Достапни линкови

Приведен Павле Богоевски од Шарената револуција


Вечерва е уапсен Павле Богоевски, еден од најистакнатите активисти на Шарената револуција.

“При апсењето припадници на ЕБР примениле сила и насилство. Павле е уапсен во момент кога со нашите соборци сакале да прострат платно со протестна порака на јавен простор. Прогонот продолжува” наведоа од Шарената револуција на нивниот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Тие ги повикаа граѓаните пред полициската станица Пролет за да побараат итно ослободување на Павле.

Настанот според информациите се случил на Камениот мост кога Богоевски заедно со други активисти се обидувале да спуштат транспарент додека во неговата близина, пред Музејот на ВМРО, владејачката партија го одбележува својот 26 роденден.

XS
SM
MD
LG