Достапни линкови

Општинскиот превоз на ученици, ново оружје во партиските преписки


Општина Струмица плаќала двојно поскап превоз на ученици од битолската општина тврдат од ВМРО ДПМНЕ. Пратеникот од владејачката партија Васил Пишев на прес конференција обвини дека градоначалникот на Струмица и лидер на опозицијата Зоран Заев фаворизилал фирма со што се отвора сомнеж за незаконски тендер преку кој се испумпани двојно повеќе пари од парите што ги потрошил битолскиот градоначалник Владимир Талески. Пишев обвини дека СДСМ води политичка хајка против Талески со помош на СЈО.

Од стручкото општинско раководство демантираат и ги отфрлаат наводите на ВМРО-ДПМНЕ, и дека посочената фирма Трителот не учествувала на тендер за посочената школска година.

Коста Костадинов од СДСМ вели дека Пишев лаже и мафта со погрешни документ, за како што вели, намерно да го оцрни градоначалникот.

XS
SM
MD
LG