Достапни линкови

logo-print

Кинескиот нов пат на свилата ќе биде преку Србија


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека Србија може да одигра значајна улога во амбициозниот план на Пекинг за нов „ пат на свилата“, односно за зголемување на трговијата меѓу Европа, Азија и Африка. Тој додаде дека Кина е подготвена за зголемена соработка во Белград. Тој денеска ја привршува својата тридневна посета на Србија во фарбриката за железо во Смедерево, фабрика која неодамна беше купена од кинески гигант за челик.

Кинеската иницијатива предвидува „новиот пат на свилата “ да поминува од западниот дел на Кина, кон Централна Азија и во Европа преку Балканот. Од 2009-та година до сега, Кина во Србија инвестирала повеќе од милијарда евра, во проекти од енергетиката и инфраструктурниот сектор.

Кинескиот претседател својата турнерја од Србија ќе ја продолжи кон Полска по што е предвидено, потоа да ја посети и Узбекистан.

XS
SM
MD
LG