Достапни линкови

Најмалку десет деца загинаа во Русија


архивска фотографија

архивска фотографија

Најмалку десет деца се удавија при превртување на два помали брода во Русија при бура, соопштија руските власти. Станува збор за деца на возраст од 12 до 15 години кои доаѓаат од Москва. Тие за време на несреќата биле придружувани од возрасни, но кога бурата ги зафатила два брода на езерото Сјамозеро на кои имало туристички групи, се превртеле при што десетина деца загинаа, јавуваат руските медиуми. Најмалку две лица се водат како исчезнати а 13 други се спасени.Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изарази сочуство до семејствата на загинатите деца во несреќата. Тој на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша „ Голема несреќа се случи во Карелија.“

XS
SM
MD
LG