Достапни линкови

Протести против американските бази во Окинава


Десетици илјади демонстранти се собраа на јапонскиот остров Окинава на протест против американското воено присуство во тој регион. Голем дел од демонстрантите беа облечени во црно во знак на жалост за силувањето и смртта на 20 годишната девојка, за што е осомничен поранешен маринец. Протестот започна со едноминутен молк, во знак на почит кон жртвата.

Демонстрантите бараат да се ревидира американско-јапонскиот безбедносен договор. Според договорот Окинава е домаќин на најголемиот дел на американски трупи во Јапонија. На овој јапонски остров се стационирани 26 илјади американски војници.

XS
SM
MD
LG