Достапни линкови

Шарената револуција најави нов протест за утре


Демонстрантите од граѓанската иницијатива #Протестирам кои се дел од таканаречената Шарена револуција најавија протест за утре поради неисполнувањето на нивните ултимативни барања. На социјалните мрежи се повикува на масовност под паролата „Ние не простуваме!Ќе има правда, ќе има мир.“ Во најавата е наведено дека нема да дозволат преговори за иднината на граѓаните зад затворени врати и дека се лути и гневни на политичките елити што предолго ги држат граѓаните во статус кво со неуспешни и нетранспарентни преговори без учество на граѓаните.

„Доста ни е од преговори во кои ние сме нем и пасивен набљудувач! Нашиот глас мора да биде слушнат и од власта, и од опозицијата! И ќе биде слушнат! Ако не во таа мала соба за преговори, ќе нè слушаат од улиците и плоштадите на оваа држава! “ се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG