Достапни линкови

logo-print

Русија: Со САД ќе ја подобриме соработката околу Сирија


Русија соопшти дека постигнале договор со САД за подобрување на координацијата за воените операции. Еден ден претходно Пентагон ја обвини руската војска за тагретирање на сириските опозициски сили во јужниот дел на Сирија поддржани од САД. Руското министерство за одбрана изјави дека воени претставници од двете земји се согласиле да ја подобрат координацијата на теренот преку видео – конференција. Оваа информација се уште не е потврдена од Вашингтон.

Обвинувањата на Пентагон, дојдоа по изненадната посета на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на Сирија со цел разговори околу воената соработка „за борба против терористичките организации на сириската територија“.

XS
SM
MD
LG