Достапни линкови

logo-print

Поддршка за Талески кој не е во притвор


Дел од жителите на Битола, синоќа излегле да изразат поддршка за нивниот градоначалник Владимир Талески кој е осомничен за проневера на 360 илјади евра преку наплата на неколкукратно поскап превоз за ученици. Собирот се оддржал во близина на зградата во која живее Талески.

Локалните медиуми јавуваат дека граѓаните барале правично решение откако Кривичниот суд определил ќукен притвор за градоначалникот кој е првоосомничен во предметот „ Транспортер“.

Жителите кои се собрале во знак на поддршка изјавиле дека ова е сценарио на СДСМ, иако е 10 години во опозиција и дека ако некој требало да биде обвинет, тоа требало да биде лидерот на партијата, Зоран Заев.

Во меѓувреме од битолската полиција за дел од медиумите тврдат дека се уште не го добиле решението од Кривичниот суд за да постапат по него, што значи дека Талески е на слобода. Неговиот адвокат Никола Додевски во изјава за Алсат М телевизија вели дека веќе поднел жалба до Апелациониот суд и дека тој не е во куќен притвор затоа што одлуката се уште не е правосилна.

„Таа ќе стане правосилна кога ќе се произнесе повисокиот суд и Специјалното јавно обвинителство“, изјавил Додевски.

Специјалното јавно обвинителство побара мерка притвор за осомничениот градоначалник во предметот „Транспортер“ кој се товари дека ја оштетил државата за 360 илјади евра за превоз на ученици во средните и основните училишта во Битола. По укинувањето на аболицијата Основниот суд Скопје 1 донесе одлука со која му го одзеде пасошот на Талески и наложи куќен притвор од 30 дена. Покрај Талески во овој предмет се осомничени уште 22 лица за спроведување на незакоснки тендери и злоупотреба на службена должност.

XS
SM
MD
LG